Струга Трим Лум по првите четири кола има седум бода и се наоѓа на четвртата позиција, а во денешниот дуел ја пречекува Брегалница на домашен терен. Според стружани, тоа е одлична можност тимот да се врати на победнички патеки.
На првите два натпревари дома оваа сезона Струга Трим Лум забележа две победи без примен гол, па надежите се дека оваа серија ќе продолжи и по денешниот натпревар.
„Ова е многу важен натпревар во кој ќе бараме начин да се вратиме на победите. Се надевам дека со голем ангажман и сериозност од целата екипа, на крајот ќе успееме да стигнеме до триумф. Сметам дека сме подобри од противникот, но тоа ќе треба да го докажеме и на теренот“, изјави дефанзивецот Ландрит Рама.
Дефанзивецот летово се приклучи на Струга Трим Лум, откако пристигна од косовскиот клуб Лапи, кој настапува во тамошната Суперлига.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Брегалница ќе се одигра денеска на Градскиот стадион во Струга, со почеток од 17:00 часот.





