Донов: Ќе дадеме се од себе за Силекс да ја сопре Шкендија

По поразот од Вардар, Силекс сега го пречекува тимот на Шкендија на свој терен, во обид да се рехабилитира и веднаш да се врати на победничките патеки.

Најголемиот предизвик на домашен терен го има кратовскиот тим, но од таборот на Силекс се оптимисти дека може да дојдат до бодовите во дуелот со тимот, кој има максимален ефект.

„Очекувам квалитетен, тактички и борбен натпревар. Шкендија е една од најквалитетните екипи во Македонија и имаат максимален ефект на стартот на првенството. Но, ние играме на домашен терен и ќе го дадеме максимумот за бодовите да останат во Кратово. Силекс ќе се потруди да го игра својот стил на игра и да се надигрува со Шкендија. После поразот од Вардар сме малку разочарани, но нема да дозволиме тоа да ни ја наруши атмосферата. Напротив, треба повеќе да не зближи како екипи, но тоа е зад нас и сега треба да се фокусираме кон следните предизвици и да дојдеме до бодови со Шкендија“, изјави Илија Донов, играчот на Силекс.