Струга Трим Лум со триумф над АП Брера сака да го сочува врвот

По пауза од речиси три недели, лидерот на табелата во шампионатот, тимот на Струга Трим Лум им се враќа на првенствените обврски и во натпревар од десеттото коло ќе го пречека составот на АП Брера. Амбициите се јасни, да се оствари нов триумф и со тоа да се сочува и врвот на табелата.

Пред овој дуел, од таборот на лидерот на табелата зборува Шабан Зенку.

„Натпреварот со АП Брера го очекуваме како и секој друг — со максимален фокус за да ја постигнеме целта, а тоа е победа. Сигурен сум дека ќе се бориме максимално за секој топка, без разлика кој ќе биде на терен. Секој фудбалер е подготвен да го даде најдоброто од себе и очекувам нова победа. Се разбира, имаме максимален респект за противникот АП Брера, тие сигурно нема лесно да се предадат. Но, ние сме подготвени за надигрување“, изјави Зенку.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и АП Брера е закажан со почеток во 14:30 часот