Тиквеш лесно и убедливо до три бода против Брегалница

Тиквеш имаше силен старт на натпреварот, и уште во 3. минута од средбата успеа да дојде до погодок. Изведена топка од корнер на Николовски, а на петерецот одлично се уфрли Лавал, кој со глава го совлада Јашар, и домашниот тим поведе.

Тиквеш продолжи со нападите, а во 16. минута веќе беше 2:0. По брза акција по десната страна и уфрлена топка на петерецот, Ристе Темелков ја зафати топката и си постигна автогол.

Кавадарчани имаа уште една прилика, преку Сила кој шутираше само крај голот, со што пропадна можноста Тиквеш да дојде до трет гол, па на полувремето се замина со 2:0.

Во вториот дел не беше толку динамично како во првиот. Но, Тиквеш на крајот успеа да дојде и до трет погодок. По една одлична акција, Николовски со втора асистенција до Лузианињо, кој погоди во голот на Јашар за лесна и убедлива победа на Тиквеш.