Тиквеш посакува продолжување на пролетната серија

Со дуелот Башкими – Тиквеш по двонеделната репрезентативна пауза продолжува домашниот шампионат.

Башкими е екипа која што сезонава ја игра добро, но знаеше пролетва да направи кикс пред своја публика со поразите од AП Брера и Работнички.

Од друга страна пак Тиквеш има супер пролетна етапа со шест победи на осум средби. Од претендент за опстанок, тимот од Кавадарци се искачи дури на петтата позиција на табеата.

„Нормално дека нашата позитивна серија пролетва сакаме продолжи и денес. Башкими е квалитетен, но Тиквеш пролетва одигра максимално против секој противник, а така ќе биде и денеска“ – велат од Кавадарци.

Дуелот во Куманово стартува во 12:30 часот.