Вардар се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија

Бранителот на трофејот Вардар го продолжува настапот во Купот на Македонија, а пласман во четвртфиналето обезбеди откако го совлада Новаци со 3:1.

“Црвено-црните” поведоа во осмата минута со погодокот на Едиз Спахиу. Десет минути подоцна Азер Омерагиќ се запиша во листата на стрелците за предност од 2:0.

Во 44. минута Ивановски беше прецизен од белата точка за намалување на предноста на Вардар на 2:1, а конечниот резултат го постави Ворен во 79. минута од натпреварот.

Вардар им се приклучи на Силекс, Струга ТЛ, Работнички, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица, Охрид Лихнидос додека последниот патник меѓу осумте најдобри ќе биде познат на 19 ноември кога Шкендија Тетово ќе се соочи со Тиквеш.