Женската А репрезентација на Македонија поразена од Косово со убедливи 3:0

Женската А репрезентација на Македонија загуби со убедливи 3:0 од Косово на гостински терен во рамките на третото последно  коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на С.П. 2027.

Косово успеа и втор пат во овој циклус да издвојува победа над Македонија.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бичкај беше двоен стрелец на денешната средба, постигнувајќи голови во 50 и 60 минута од средбата. Третиот гол за Косово го постигна Мемети во 85. минута.

Косово – Македонија   3:0 (0:0)

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Сара Коларовска, Симона Меијер, Хава Мустафа, Наташа Андонова, Ленче Андреевска, Марјана Нацева, Јилза Максути, Гентјана Рочи;

Селектор: Александар Андов;