Репрезентацијата на Македонија до 16 години беше поразена со 2:0 од соодветната селекција на Србија, која е домаќин на меѓународниот контролен турнир „Милан Миланиќ” во рамките на првото коло.
Избраниците на селекторот Драган Начевски и покрај поразот од фаворитот Србија, одиграа добар натпревар, во кој пропуштија неколку одлични можности за постигнување на погодок. Најдобрата можност, Македонија ја имаше преку Фадил Исламовиќ кон крајот на првиот дел. Противникот одлично го отвори натпреварот и рано во 6. минута поведе со 1:0. Вториот гол, селекцијата на Србија го постигна во 51. минута од средбата.
Србија – Македонија 2:0 (1:0)
Македонија: Лука Грчевски, Стефан Темелков, Мартин Џангаровски, Дејан Спасески, Фадил Исламовиќ, Бленди Лачка, Сонер Ракипи, Матеја Масев, Вулнет Амети, Васко Папалиски, Арда Илјазовски;
Селектор: Драган Начевски;





