Женската А репрезентација поразена во Баку од Азербејџан

Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од 1. коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0.

Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа изблокирани. Џафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан. Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Азербејџан – Македонија 2:0

Голови: Севинџ Џафарзаде (28’, 78’)

Азербејџан: А. Шарифова, А. Нахмедова, Џ. Махсимова (А. Саламзаде 90+4), Н. Мирзалиева, А. Ахмедова, М. Молаева (К. Бакарандзе 90+4), В. Сејфединова (Х. Асадова 85), Ј. Аџар (А. Мурадова 85), Џ. Алиева (Н. Хаџиева 76), С. Џафарзаде (к), П. Боздаг; Селектор: Сијасет Асгеров

Македонија: 1. В. Панчурова, 21. Б. Петкова (85` Петкова), 6. М. Панева, 5. П. Николовска (85` Петкова), 19. С. Мејер, 10. Т. Галабовска, 8. А. Марковска, 7. М. Грозданова (61` Бошевска), 14. Е. Величковска (74` Панеска, 9. И. Максути, 11. Х. Мустафа (61` Павловска); Селектор: Александар Андов

Селекцијата предводена од Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терен против Андора. Мечот се игра на 7. март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“.