Женската репрезентација на Македонија со пораз од Азербејџан ги заврши квалификациите за СП

Македонската женска А репрезентација претрпе пораз од Азербејџан со 3:1 во последниот натпревар од Групата 3 во Лигата Ц од квалификациите за Светското првенство.

Гостинките поведоа уште во 8. минута преку Кристина Бакаранѕе, но Македонија брзо возврати и само три минути подоцна Хава Мустафа го израмни резултатот на 1:1.

Азербејџан повторно стигна до предност преку Мале Молајева, а конечните 3:1 беа поставени во 37. минута кога прецизна беше Нигар Мирзалијева. Сите четири погодоци на средбата беа постигнати во првото полувреме.

Со овој пораз, Македонија квалификацискиот циклус го заврши на третото место во групата со освоени шест бодови. Второпласирана заврши селекцијата на Азербејџан, додека првата позиција ѝ припадна на Унгарија. Македонските фудбалерки до бодовите стигнаа со двете победи против Андора.

Натпреварот во Битола имаше и емотивен момент, бидејќи капитенката Викторија Панчурова го одигра својот последен натпревар во националниот дрес и официјално стави крај на репрезентативната кариера.