ЖФК Истатов со двоцифрена победа во дуелот против ЖФК Вардар

Во Првата женска фудбалска лига викендов на програмата беше некомплетното трето коло.

Во четири одиграни меча по две победи за гостинските и домашните екипи, а најубедлив беше составот на ЖФК Истатов со триумфот од 11:0 во соочувањето со ЖФК Вардар.

По два пати меѓу стрелците се впишаа Севим Иљаз, Кристина Петрушевска и Меланија Грозданова, а по еден погодок постигнаа Ива Здравевска, Елма Шемсовиќ, Миа Головска и Андреа Коловска.

Гостинска победа забележа ЖФК Топ Гол по триумфот над ЖФК Речица со 5:3.

ЖФК Скопје ја совлада ЖФК Тиверија Брера со 2:1 додека АС Јунајтед славеше над ЖФК Каменица Саса со 2:0.

Поради настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионките, ЖФК Љуботен натпреварот против ЖФК Кочани ќе го одигра на трети септември.