Во добра форма екипата на Силекс влегува во пресметката со Скопје на стадионот во Автокоманда. Кратовскиот тим очекува продолжување на победничката серија, после победите над Башкими и над Шкендија, дополнително и пласманот во следната фаза од Купот на Македонија и триумфот над Пелистер во Битола.
И покрај тоа што гостува кај последнопласираниот тим на табелата, од таборот на Силекс порачуваат дека нема да ги залаже тоа што противникот е на дното, и дека ќе дадат максимум за да ги освојат бодовите на Автокоманда.
„Ја анализиравме екипата на Скопје. Имаат свои квалитети, и нема да нѐ залаже нивната позиција на табелата. Ќе дадеме максимум, и се надевам дека ќе продолжиме со добри игри и дека оваа победничка серија на Силекс ќе продолжи и во следните натпревари“, изјави Кристијан Ефтимов, фудбалерот на Силекс.
Мечот помеѓу Скопје и Силекс се игра на стадионот Автокоманда со почеток во 12:00 часот.





