Саити: Време е за реакција и враќање на победничките патеки

Кумановскиот прволигаш се наоѓа во серија од три кола без триумф, вклучувајќи ги и двата болни порази на домашен терен од Шкендија Арачиново и Силекс. Проблемот за шефот на стручниот штаб, Муарем Муарем, пред сè останува немоќта во нападот, Башкими целосно затаи и нема постигнато ниту еден погодок пред сопствената публика на последните два меча.

Следна пречка на патот кон закрепнување е составот на Арсими, екипа која исто така е во резултатска криза и не знае за победа во изминатите 7 рунди од елитата.

„Дуелот против Арсими е пресуден за нас. Дојде моментот да се вратиме на победите и да ја прекинеме оваа негативна серија. Ги повикувам нашите верни навивачи да ги исполнат трибините, да ни дадат ветар во грб и заедно да стигнеме до трите бода“, порача во својата изјава Енсар Саити.

Историјата и меѓусебната традиција одат во прилог на Арсими, кој има скоро од 6 победи во досегашните 12 пресметки, додека Башкими славел само 3 пати, додека 3 дуели завршиле без победник.

Борбата за бодови меѓу Башкими и Арсими ќе се одигра на кумановскиот стадион со почеток во 14:00 часот, додека правдата на теренот ќе ја дели главниот судија Јован Качевски.