Мурати му донесе големи три бода на Башкими против Шкендија од Арачиново

Погодокот на Адис Мурати во второто полувреме беше доволен Башкими да освои големи три бода на гостувањето кај Шкендија од Арачиново.

Грешка на Симоновски донесе слободен удар за гостите во близина на опасната зона. По слободниот удар, што го изведе Исени, во шеснаесетникот на Шкендија се создаде мешаница, по што Ристовски биеше од 11 метри, кога со интервенцијата на Столевски заврши во гредата на Башкими.

Во 30-тата минута, истиот фудбалер, со лесен допир по центаршутот на Јанузи, за малку не го совлада домашниот голман Столевски, кој со крајни сили ја одби топката во корнер.

Во второто полувреме, Башкими се закани преку Антонио, додека на спротивната страна Мемеди беше блокиран при првиот обид кон голот на Башкими.

Истиот фудбалер се закани и во 49-тата минута, но топката заврши крај голот на Алиу. Во 50-тата минута, Рашид ја имаше идеалната шанса да го доведе Башкими во водство, откако го мина и домашниот голман, но на крајот ја погоди само надворешната страна од мрежата на Шкендија од Арачиново. Набргу потоа, Фазлагиќ биеше од околу 17 метри, но топката остана во рацете на голманот на Башкими.

А во 63-тата минута, Башкими поведе преку Адис Мурати, кој по изведениот корнер, од тежок агол, го матираше голманот Столевски.

Во 67-мата минута, Симоновски биеше со глава од 7–8 метри, но топката помина крај голот на Алиу. Во 77-тата минута, Ремзифаик Селмани центрираше на втората статива, но Елези не успеа да го совлада голманот на кумановскиот состав.

На спротивната страна, брз контранапад на Башкими, Антонио асистираше во шеснаесетникот, додека ударот на Ристовски го одбрани голманот Столевски.

Една минута подоцна, Антонио имаше шанса да го постигне вториот гол за гостите, но неговиот обид заврши крај голот на Столевски.

Во следното коло, Шкендија повторно на стадионот во Чаир ќе се соочи со Брегалница, додека Башкими во Куманово ќе го пречека тимот на Скопје.