По жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на бараж натпреварите во сите конкуренции од Лигата на нации.
Првиот дуел против селекцијата на Кипар, Македонија ќе го одигра на 25 март, а почетокот е закажан за 18 часот. Три дена подоцна на програмата е реваншот во Скопје, а дуелот на арената Тодор Проески ќе почне во 15 часот.
На 25 и 27 март се играат двата дуели меѓу Белорусија и Израел, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути,
Останатите две средби од баражите за опстанок во Б конкуренцијата на програмата се на 27 и 30 март.
ЛИГА НА НАЦИИ – БАРАЖ Б/Ц
ЧЕТВРТОК 25 МАРТ
18:00 Кипар – Македонија
20:45 Белорусија – Израел
САБОТА 27 МАРТ
15:00 Фарски Острови – Грузија
18:00 Естонија – Романија
НЕДЕЛА 28 МАРТ
15:00 Македонија – Кипар
20:45 Израел – Белорусија
ВТОРНИК 30 МАРТ
18:00 Грузија – Фарски Острови
20:45 Романија – Естонија





