Радески: Ќе сториме сѐ бодовите да останат во Струга

Струга Трим Лум по триумфот над Вардар (0-1) во Скопје повторно се соочува со голема пресметка, дерби дуелот со Шкендија на домашен терен. Тоа е меч на кој ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата.

Марјан Радески, кој го реши дербито со Вардар, очекува нов квалитетен настап на својот тим и се надева дека бодовите ќе останат во Струга.

„Респект за екипата на Шкендија, но Струга Трим Лум има свои цели. За да ги оствариме, како тим мора да го дадеме и повеќе од максимумот, со цел бодовите да останат во Струга“, изјави Радески.

Тој чувствува дека е во добра форма, но најважно е изданието на тимот во целина.

„Се трудам и давам сè од себе на секој натпревар да бидам во функција на тимот. Нормално е напаѓачите на секој меч да го бараат голот, но во овој момент најважно е бодовите да останат во Струга, а ние да се радуваме на победата“, потенцира искусниот Радески.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 12 часот, а ќе го суди Стојанче Трпчевски.