Тиквеш е во добра серија во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Екипата од Кавадарци цели кон излез во Европа, откако сега е јасно дека тоа ќе мора да го стори преку првенството, по елиминацијата од Купот со службен пораз од Вардар, иако на теренот го совладаа тимот на “црвено-црните”.
Тиквеш го продолжува походот со домашен меч против Скопје. Иако противникот е псоледен на табелата, од Кавадарци најавуваат давање на максимум.
“Нема да потценуваме ниту еден тим. Иако Скопје е на последното место, сепак, знае да одигра добар и цврст меч, особено против екипите од горниот дел. Ќе дадеме се од себе за трите бода да останат во Кавадарци. Сакаме да ја продолжиме нашата успешна серија во првенството”, вели капитенот на Тиквеш, Александар Вареловски.





