Судискиот одбор со анализа на првите два натпревара од 15. коло во ПМФЛ

На првиот натпревар, меѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Брегалница Штип е заклучено дека нема ниту една предизвикувачка ситуација. Судењето на судиската четворка на теренот, како и на ВАР-судиите, е оценето без никаква забелешка.

На вториот натпревар, меѓу екипите на ФК Башкими и ФК Скопје, клучна беше ситуацијата од 90. минута, кога првично беше поништен голот на домашната екипа поради очигледен офсајд.

ВАР-судиите детално ја прегледаа ситуацијата и ја потврдија правилно донесената одлука на теренот. Со тоа, и на овој натпревар судиската екипа ја заврши својата задача без забелешки.