АП Брера има една победа на последните пет натпревари во Првата лига, па фудбалерите на Мартин Алаѓозовски се надеваат дека денеска во Кратово би можеле да се вратат во триумфален ритам, иако знаат дека гостувањето кај Силекс е навистина сериозен предизвик. Но, струмичани имаат своја цел, да го избегнат баражот и да обезбедат директен опстанок во елитата.
„На последните два меча ремизиравме, а бодови ни се потребни за да ја оствариме нашата цел. Имаме респект за Силекс, кој повторно ја пронајде својата добра форма, но ние посакуваме успех на ова гостување во Кратово. Нема да биде лесно, но ќе сториме сѐ да ја оствариме нашата цел“, порачува стратегот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски.
Натпреварот меѓу Силекс и АП Брера се игра на Градскиот стадион во Кратово, со почеток во 13 часот.





