Арсими денеска во Струга ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум, во натпревар кој се очекува да биде тежок за гостиварскиот тим. Во рамките на 8. коло од домашното првенство, Арсими патува со желба за добра игра и позитивен резултат.
Пред дуелот со Струга, за очекувањата од натпреварот зборуваше фудбалерот на Арсими, Ардит Иљази.
“Не очекува многу тежок натпревар на гостински терен против Струга. Ја знаеме нивната сила и квалитет, но ние добро работевме во текот на неделата и на теренот ќе влеземе со голема мотивација и концентрација.
Ќе се обидеме да ги исполниме задачите на тренерот и да го дадеме максимумот од првата до последната минута. Играме за позитивен резултат и веруваме во работата и во групата што ја создадовме. Се надеваме дека со максимален ангажман ќе се вратиме од Струга со бодови.
Им благодариме на нашите навивачи за поддршката и се надеваме дека со нашата игра ќе ги направиме горди”
Натпреварот Струга Трим Лум-Арсими ќе се одигра денес во 16:00 часот на градскиот стадион во Струга





