Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата лига и ќе се обиде со победа да го задржи чекорот со Шкендија на врвот на табелата.
Во пресрет на денешниот натпревар, своите очекувања ги сподели напаѓачот Марјан Радески.
„Го почитуваме Арсими, но Струга Трим Лум има јасна цел, а тоа е трите бода да останат кај нас. За да го оствариме тоа, мораме да дадеме и повеќе од максимумот за да стигнеме до посакуваниот резултат.
Во модерниот фудбал сите знаеме дека повеќе нема лесни противници. Затоа мораме да бидеме на потребното ниво и да одиграме како што знаеме, за да ја продолжиме победничката серија на домашен терен“, изјави Радески.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Арсими е закажан од 16 часот на Градскиот стадион во Струга, а ќе го суди Бењамин Керими.





