Брегалница сака нова победа пред својата публика

Сезонава Брегалница на свој терен не знае за ништо друго освен за победи. Во Штип досега „паднаа“ и Башкими и Арсими, а денеска штипјани очекуваат нови три бода и во пресметката против Шкендија Арачиново, која исто така се игра во вечерен термин.

Брегалница влегува во пресметката после поразот од Струга ТЛ на гостински терен, а распоредот сакаше штипјани да ја почнат сезонава со гостувања кај најквалитетните тимови: Вардар, Шкендија и Струга ТЛ. Сега на ред доаѓа домашна пресметка со уште еден тим кој ќе атакува во битката за да остане во прволигашката конкуренција, и очекувањата на домашната публика се три дома.

„Играме дома пред нашите верни навивачи, а тоа е мотив обврска за нас да дадеме максимум од своите можности. Во никој случај не го потценуваме противникот, но одиме на победа уште од првата минута и ќе атакуваме уште од самиот старт на мечот. Очекувам да се вратиме на победите и да ја израдуваме нашата публика. Ги поканувам навивачите повторно да ги исполнат трибините на стадионот во Штип, и на крајот сите заедно да славиме“, рече Мартин Стојанов, голгетерот на Брегалница.

Дуелот Брегалница – Шкендија Арачиново се игра денеска во 18:30 часот.