Центарот за едукација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објавува конкурсот за пријавување на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа повеќе категории на лиценци, согласно програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација информира дека се отворени конкурсите за тренерски лиценци за следните програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б голмански курс, УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат во предвидениот рок, согласно насоките и критериумите објавени од Центарот за едукација при ФФМ. Детални информации за условите, потребната документација и начинот на пријавување се достапни во документите во продолжение.
Пред пополнување на пријавата, Ве замолуваме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА курсевите објавени детално во документот (линкот) подолу, со што сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Конкурсот е отворен до 31. декември 2025 година. За дополнителни прашања во врска со конкурсот за тренерски лиценци, можете да се обратите на следната e-mail адреса: slavisha.karovchevski@ffm.com.mk





