Демири: Вардар е силен, но и мотивација повеќе за нас да одиграме најдобро што можеме

Работнички е во незавидна позиција, претпоследен на табелата со само седум освоени поени, а и пролетниот старт не беше според посакувањата на тренерот Муарем Муарем. Тимот од Дебар Маало загуби на гостувањето против Пелистер во Битола со 4-1.

Вториот предизвик е уште поголем, Работнички денеска на стадионот на ФФМ го пречекува лидерот на табелата Вардар.

„Продолжуваме да се бориме и на секој нареден натпревар ќе даваме максимум за да ја оствариме целта. Позицијата на табелата јасно ни налага дека ни се потребни бодови и ќе сториме сѐ да ги освоиме. Вардар е лидер на табелата, има одлична екипа, но тоа треба да биде и мотивација повеќе за нас да одиграме најдобро што можеме“, вели капитенот на Работнички, Бесир Демири.

Натпреварот меѓу Работнички и Вардар ќе се игра на стадионот на ФФМ, со почеток во 13 часот