Поразот од Струга ТЛ на домашен терен минатото коло, донесе и промена во стручниот штаб на Брегалница. На местото на Мијалче Прошев, на клупата на штипските „сини“ седна Џенгис Реџепи, тренер со искуство и како помошник во националниот тим на Македонија, работеше главно во Косово, а беше тренер и на Беса Добри Дол, Влазерими, Кожуф, Дрита, Врапчиште.
Од таборот на Брегалница се надеваат дека со Реџепи ќе почне еден нов процес на екипата, низ на добри резултати и бегство од долниот дел на табелата, што беше и амбиција на тимот пред почетокот на сезоната.
Штипскиот прволигаш нема победа на последните три средби, со скор од едно реми и два порази од водечките Шкендија и Струга, а се надева дека ќе го зголеми бројот на победи на гостински терен со оглед дека само еднаш има триумфирано на туѓ терен сезонава, и тоа онаа победа против Арсими.
Кај Брегалница има желба и за реванш за оној пораз во Штип минимален од 0:1 во првиот меѓусебен натпревар, па така се очекува интересна пресметка на „Чаир“ денеска.
Натпреварот помеѓу Шкендија Арачиново и Брегалница се игра денеска во 12:00 часот.





