The dates for the matches in the Women's Nations League have been announced

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во новото издание од Лигата на нации ќе биде дел од Ц сегментот и во пресрет на почетокот на натпреварувањето УЕФА ги одреди термините за одигрување на дуелите од фазата по групи.

Македонија е дел од третата група каде партиципираат уште Израел, Андора и Фарски острови.

Новото издание од Лигата на нации, избраничките на селекторот Александар Андов го отвораат на втори март следната година кога сме домаќини на Андора, а четири дена подоцна ја пречекуваме селекцијата на Фарски острови.

На 20. април му гостуваме на Израел, а на 24-ти не очекува дуел против Андора.  Во последниот круг од натпреварите на 11. јуни на домашен терен играме против Израел, а на 15-ти истиот месец следува гостување на Фарски острови.

Пласман во повисок ранг од Лигата на нации обезбедува селекцијата која ќе го освои првото место во групата додека двете најдобро второпласирани репрезентации играат бараж со двата најдобри тима кои во Б конкуренцијата ја освоиле третата позиција.