Shkëndija Tetovo won in Kavadarci with two goals in the second half

Тетовска Шкендија со големи три бода се враќа од гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, откако со два гола во вториот дел дојде до триумф, и се врати во игра за првото место после поразот на Струга ТЛ во Кратово.

Тешко беше да се игра на лошиот и влажен терен во Кавадарци, но во второто полувреме тетовската екипа успеа да постигне два гола, и да ги однесе бодовите.

По првиот дел немаше многу шанси ниту на едната ниту на другата страна.

Во вториот дел сосема друг развој на настаните. На стартот од вториот дел Димески играше со рака во својот шеснаесетник по обидот на Зејнулаи, а судиите по повик од ВАР собата досуди пенал во корист на Шкендија. Сигурен реализатор од белата точка беше Красниќи кој го совлада Стевковски во 49. минута од средбата.

Шкендија го зголеми водството во 78. минута. Красниќи изведе корнер и го проигра Мелиќи, кој со удар со глава ја погоди мрежата и донесе 2:0.

Во финишот на средбата Тамба можеше да ја зголеми победата, откако се најде сам пред голот, ама неговиот обид заврши само крај левата статива.