Ефтимов: Ќе дадеме се од себе да ставиме крај на серијата од четири меча без победа

Четири меча Силекс не знае за победа во Првата македонска фудбалска лига. Минатото коло го освои првиот бод после три последователни порази од Вардар, Шкендија и Струга ТЛ. Кратовци одиграа само реми со Брегалница на свој терен, а денеска ќе имаат нова шанса да ја прекинат оваа лоша низа.

Тиквеш е противникот на Силекс, кој во Кратово ќе се обиде уште еднаш да дојде до три бода, и до крај на серијата на натпревари без победа.

Кристијан Ефтимов, играчот на Силекс се надева дека со давање максимум ќе се дојде до победа.

„Силекс секогаш оди на победа, а особено на домашен терен. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на излез на оваа лоша серија. Не ни е пријатно да сме четири меча без победа, но се надеваме дека против Тиквеш ќе ја прекинеме таа серија. Респект за секој противник, меѓутоа ние на секој меч одиме да дадеме максимум и да победиме, така ќе биде и сега“, рече Ефтимов.

Натпреварот Силекс – Тиквеш се игра во Кратово со почеток во 16:00 часот.