Македонија ЃП патува во Гостивар да освои три бода

Македонија Ѓорче Петров и покрај незавидната позиција на табелата, по последниот пораз од Тиквеш и официјално ги загуби шансите за опстанок во Прва МФЛ. Избраниците на Боби Божиновски во претходната рунда беа совладани токму од кавадарчани, со што и теоретски останаа без можност да обезбедат опстанок во елитното друштво.

Иако во финишот од сезоната Македонија ЃП врза две значајни победи против Работнички и Шкупи и внесе неизвесност во битката за опстанок, поразот од Тиквеш стави крај на надежите на тимот од Ѓорче Петров.

Попладнево Македонија ЃП ќе се соочи со Башкими на неутрален терен во Гостивар, поради суспензијата на стадионот во Куманово. Натпреварот започнува во 16 часот.

Македонија ЃП сезонава нема победа над Башкими. Кумановци славеа на домашен терен со 2:0, додека дуелот во Ѓорче Петров заврши без победник, 1:1.

Во меѓусебните дуели низ историјата, Македонија ЃП има седум победи, четири натпревари завршиле нерешено, а Башкими славел трипати.