Maleski: Struga travel to Kumanovo in search of three more points

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари.

Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово, со јасна цел да продолжат со добрите настапи и да освојат нови три бода. Доколку успеат, ќе се израмнат на врвот на табелата со лидерот Шкендија.

Во пресрет на дуелот со Башкими, своите очекувања ги сподели напаѓачот Христијан Малески, кој верува дека неговиот тим е подготвен за нов триумф.

„Имаме почит кон Башкими, без разлика на нивната позиција на табелата. Струга Трим Лум, како и на секој натпревар, влегува со цел да ги освои трите бода. Се надеваме дека денеска во Куманово ќе стигнеме до нова првенствена победа“, истакна Малески.

Напаѓачот е задоволен и од атмосферата во екипата, нагласувајќи дека подготовките за претстојниот предизвик поминале според планот.

„Во тимот владее одлична атмосфера и добро се подготвивме за овој натпревар. Очекуваме да одиграме квалитетен меч и веруваме дека на крајот ние ќе се радуваме на победата“, додаде Малески.

Натпреварот меѓу Башкими и Струга Трим Лум ќе се одигра на стадионот на Башкими во Куманово со почеток во 15 часот, а ќе го суди Стојанче Стојанов.