Комисијата за натпреварување при ФФМ, на седницата одржана на ден 04.05.2026 година, покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварите во 30. коло од Првата МФЛ, сезона 2025/26.
На натпреварот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку официјалниот спикер. Поради овие случувања, против клубот е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.
На вториот натпревар, меѓу ФК Силекс АД Кратово – ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на натпреварот. Фудбалерот на гостинскиот тим ФК Шкендија, Имран Фетаи, оштетил врата од службените простории, удирајќи ја со нога. За настанот е направен и полициски записник и е земена изјава од играчот.
Дополнително, шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадниците на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории.
Согласно горенаведеното Комисијата за натпреварување на ФФМ, покрена дисциплинска постапка против фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи и против шефот на стручен штаб на Јетон Беќири и истите се предаваат на Дисциплинска Комисија на ФФМ.
Воедно, ФК Шкендија е задолжена во рок од 15 дена од одигрување на натпреварот, да постигне договор со ФК Силекс за надомест на причинетата штета и писмено да ја извести Комисијата за натпревари на ФФМ за регулирањето на обврската.





