Познат распоредот на натпреварите во ПМФЛ за сезоната 2026/2027

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпреварите во ПМФЛ за сезоната 2026/2027.

Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза.

Вториот круг од натпреварите во домашното првенство продолжува на 13 февруари, 2027 година, а последното 36. коло во шампионатот е на програмата на 23. мај.