Женската фудбалска репрезентација во вториот настап од овој квалификациски циклус за пласман на Светскиот шампионат ја совлада Андора со 3:0.
Избраничките на селекторот Александар Андов во овој дуел што се одигра во Битола влегоа со огромен мотив за победа и да покажат дека претходниот настап против Азербејџан беше само еден лош ден.
Гостинките имаа инцијатива во почетните десетина минути, но потоа нашите репрезентативки ја преземаа контролата врз играта и за само три минути успеаа да постигнат два гола со кои практично беше решен денешниот натпревар.

Во 17. минута Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 1:0, а само три минути подоцна Симона Мејер го постигна вториот погодок за нашата репрезентација.
Македонските репрезентативки имаа можност да забележат и поубедлива победа, а од многуте шанси за гол, Меланија Гроздановска во 83. минута ја затресе мрежата на противничките и го постави конечниот резултат.

Во вториот натпревар од нашата група во Ц лигата, Унгарија на домашен терен славеше со 1:0 во соочувањето со Азербејџан.
По две кола Унгарките водат со четири бода, Македонија и Азербејџан имаат по три додека на четвртата позиција со еден бод е селекцијата на Андора.
Во циклус Македонија се среќава со Унгарија. Првиот меч на програмата е на 14 април во Битола, а четири дена подоцна Унгарките не пречекуваат во Фелчут.





