Гони: Во Струмица одиме по позитивен резултат

Фудбалерот на  Арсими, Марсел Гони, останува целосно фокусиран и мотивиран пред утрешниот предизвик против АП Брера во Струмица, нагласувајќи дека екипата патува со јасна цел, освојување бодови.

“Среќен сум за постигнатиот гол и за победата против Вардар, бидејќи беше многу важен натпревар за нас. Таа победа ни донесе дополнителна самодоверба, но сега целото наше внимание е насочено кон денешниот натпревар”, изјави Гони.

Според него, Арсими е подготвен за следниот предизвик и ќе се прикаже со борбен менталитет:

“Во Струмица не очекува силен противник, но ние одиме подготвени и фокусирани. Ќе влеземе на теренот да го дадеме максимумот во секоја минута и да извојуваме позитивен резултат. Секој бод е важен и тоа многу добро го знаеме.”

На крајот, Шпанецот Гони им се заблагодари на навивачите за континуираната поддршка.

“Поддршката од навивачите е многу важна за нас. И на гостувања ја чувствуваме нивната сила и  ќе се бориме да ги направиме горди.“

Натпреварот помеѓу  АП Брера и Арсими ќе се одигра со почеток во 15:30 часот на градскиот стадионн Младост во Струмица