Објавено на
21 Февруари, 2025
во
Вести, Семинари
Пионерска интеграција на високоинтензивен тренинг со
судиско одлучување под притисок.
Во модерниот фудбал, физичката подготвеност на судиите не е
доволна – способноста за брзо и прецизно донесување одлуки под интензивен
притисок е клучна. Токму затоа воведуваме иновативен и автоматизиран систем кој
комбинира високоинтензивен тренинг со симулирани судиски одлуки во реални
натпреварувачки сценарија.
Што го прави овој пристап уникатен?
– Динамички промени во когнитивните оптоварувања додека судијата е под физички
стрес.
– Автоматизирани аудио-визуелни стимули кои бараат брзи и точни одговори.
– Мониторинг на срцевиот ритам, време на реакција и прецизност на одлуките.
– Индивидуализиран пристап за оптимизирање на менталната и физичката издржливост.
Оваа методологија овозможува подобрување на перцепцијата,
концентрацијата и менталната брзина, што е од пресудно значење за врвните
судии.
Подготвени сме да поставиме нови стандарди во судиската подготовка!





