Капинковски го објави списокот на Македонија до 19 години за дуелот со Луксембург

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски, го објави списокот на фудбалери за претстојниот репрезентативен собир. Селекцијата на Македонија ќе биде на подготовки од 29 септември до 3 октомври, во рамки на кои ќе одигра два контролни натпревари против Луксембург.

Голмани: Александар Трајков (Брера), Алмин Суљевиќ (Скопје)

Одбрана: Стефан Секирски (Тиквеш), Андреј Димовски (Брера), Христијан Маркоски (Келн), Матео Кесик (Јединство), Анес Абдурахмани (Шкендија), Албан Рочи (Струга);

Среден ред: Јован Мрмачовски (Пелистер), Давид Ангелевски (Спартак), Габриел Талески (Брера), Бојан Велков (Брера), Блерон Бајрами (Вардар);

Напад: Стефан Бранковски (Марибор), Иван Танчев (Брера), Флори Иљази (Шкендија)
Иво Марковски (Вардар), Јаков Стојковски (Падерборн), Јордан Дамевски (Арка), Осман Хасановиќ (Скопје);

Натпреварите ќе се одиграат на 30. септември и 1. октомври на гостински терен.