Македонија до 17 години убедлива против Луксембург

Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа убедлива победа од 4:1 против Луксембург во контролниот натпревар одигран на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Избраниците на селекторот Иљами Исеини одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме обезбедија висока предност од 3:1.

Резултатот го отвори Ристиќ во 11. минута, реализирајќи пенал. Николов во 22. минута го даде вториот гол за нашата селекција, само три минути подоцна Крстевски погоди за третиот гол во мрежата на Луксембург во првиот дел.

Во продолжението, Македонија  повторно имаше иницијативата, а Ристиќ во 58. минута повторно беше прецизен од белата точка за конечни 4:1.

Македонија до 17 години: Илан Мемети, Адриан Велески, Матеј Масев, Амар Акики, Александар Полимaц, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Марин Крстевски, Илија Аксентиев, Матеј Николов, Огнен Сивевски;

Димитар Петров, Петар Галески, Михајло Павлов, Стефан Стефановски, Павел Стојанов, Леарт Исеини, Есер Фетаи, Рон Медеди, Далибор Марковиќ, Боби Недановски, Авлон Куртиши, Благоја Седлоски, Огнен Јаков, Јасин Џемаили;