Летен Семинар за делегати за сезона 2026/27

На 24.07.2026 година во Хотел Хилтон Скопје се одржа летен семинар за делегатите на фудбалските натпревари од Првата и Втората МФЛ и Купот на РМ за сезона 2026/27.

Семинарот го водеше Претседавачот на Комисијата за натпреварување на ФФМ Г-дин Светозар Станковски, во присуство на Заменик Претседавачот на Комисијата за натпревари на ФФМ Г-дин Дончо Герасимовски, Г-дин Виктор Крстиќ од Правниот оддел на ФФМ, Г-дин Мартин Мицев од Одделот за ВАР на ФФМ, Г-дин Роберт Марковиќ – Раководител на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ и Г-дин Зоран Саздов – Комесар за безведност на ФФМ кои имаа излагања секој во својот домен.

На семинарот на делегатите им беше презентирано:

Измените во Пропозициите за натпреварување во Првата и Втората МФЛ и Купот на РМ за сезона 2026/27;

Улога и обврски на делегатот на натпревари и начин на пополнување на делегатскиот извештај во КОМЕТ системот;

Правило во 3  чекори во случај на расистичко или националистичко навивање на гледачите;

ВАР Технологија, имплементација и искуства од минатата сезона;

Безбедност и интегритет на натпреварувањата, соработка на делегатите со комесарите за безбедност и заштита на интегритетот на натпреварувањата;

На семинарот присуствуваа 50 од вкупно 53 делегати (тројца оправдано отсутни), кои се на единствената листа, а на крајот беше извршено тестирање и проверка на знаењето.