Македонија до 18 години одигра нерешено со Унгарија

Македонската репрезентација до 18 години одигра нерешено, 2:2 против Унгарија на контролниот натпревар одигран на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
Нашата селекција предводена од Димитар Капинковски се врати од два гола негатива. Противникот до 78. минута водеше со 2:0, но со погодоците на Флорент Османи и Бојан Велков успеавме да се избориме за позитивен резултат.

Во првото полувреме немаше големи возбудувања. Неколку полуприлики на двете страни, но без сериозни закани по двата гола. Македонија се закани во продолжението со ударот од далечина на Танчев и слободниот удар на Бицевски, но во двете ситуации поуспешен беше голманот на Унгарија, Зетени Барањи.

Јанош Галамбош беше двоен стрелец за Унгарија во 53. и 65. минута. Македонија со головите на резервистите Флорент Османи во 78. минута и четири минути подоцна преку Бојан Велков се избори за нерешен резултат.

МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА 2:2 (0:0)

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

Стрелци: 0:1 – Јанош Галамбош 53`, 0:2 – Јанош Галамбош 65`, 1:2 – Флорент Османи  78`, 2:2 – Бојан Велков 88`

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 1. Трајков Александар, 4. Кесик Матео (73` 2. Албан Рочи), 5. Димовски Андреј (73` 3. Стефан Стаматоски), 6. Мустафи Мухаммед, 7. Буцевски Дамјан (73` 21. Иво Марковски), 8. Талески Габриел (65` 18. Бојан Велков), 10. Ангелевски Давид (88` 19. Стефан Бујароски), 11. Бранковски Стефан (73` 16 Флорент Османи), 15. Илази Флори (65` 9. Матеј Сејменов), 20. Танчев Иван (79` 14. Јован Мрмачковски), 23. Секирски Стефан (88` 24. Мартин Ѓорѓиев); Селектор: Димитар Капинковски.

УНГАРИЈА до 18 години: 1. Зетени Барањи, 2. Милан Санта (68` 17. Виктор Петрек), 5. Гергељ Чока (68` 19. Адам Њереш) , 6. Бенце Раб, 8. Адам Зубор (77` 16. Виктор Петрек), 9. Јанош Галамбош, 10. Бенјамин Голик, 11. Ерик Магјарич (77` 18. Арон Палко), 13. Адриан Делапортас (63` 3. Батор Сзебеледи) , 14. Жсомбор Варга, 15. Оливер Арнитс. Селектор: Антал Немец.