Женската репрезентација до 17 години кон крајот на овој месец ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.
Мечевите ќе се играат во Колашин и тоа на 22 и 24 септември. Почетокот на првиот дуел е закажан за 13 часот и 30 минути додека вториот ќе стартува во 11 часот.
Собирот на нашата репрезентација е в недела на 20 септември, а селекторката Катерина Милеска пред заминувањето ќе одржи еден тренинг со тренинг
За двата меча против Црна Гора повикани се следниве фудбалерки:
- Ања Стојмиловска (Голманка) ЖФК Кочани
- Mагдалена Иломаноска (Голманка) ЖФК Пелистер
- Maрија Климоска (Oдбрана) Brescia Femminile
- Лина Мицовска (Одбрана) ЖФК Кочани
- Софија Величковска (Одбрана) ЖФК Речица
- Симона Бошковска (Одбрана) ЖФК Љуботен
- Eмилија Ивковиќ (Одбрана) ЖФК Скопје
- Нина Манасиева (Одбрана) ЖФК Кочани
- Стефани Богдановска (Одбрана) BK Hacken
- Тамара Атанасовска (Среден ред) ЖФК Скопје
- Ања Каранфиловска (Среден ред) ЖФК Истатов
- Марија Велиновска (Среден ред) ЖФК Кочани
- Душица Лазареска (Среден ред) ЖФК Цевитана
- Кеила Алиоски (Среден ред) Team AFF-FFV
- Елена Наумоска (Напад) ЖФК Скопје
- Јана Милошевска (Напад) ЖФК Скопје
- Софија Велинова (Напад) ЖФК Koчани
- Ана Марија Велевачкоска (Напад) ЖФК Цевитана
- Лана Спасовска (Напад) ЖФК Речица
- Глорија Тодорова (Напад) ЖФК Скопје





