Башкими го остави зад себе кризниот старт на сезоната и серијата од пет последователни порази. Триумфите над Скопје и БВБ Коњаре во Купот, како и ремито (3-3) со Вардар, ја вратија самодовербата во кумановскиот табор. Денеска пред нив е еден од најтешките предизвици сезонава — пресметката од 8-то коло против тетовска Шкендија, која ќе се одигра на неутрален терен во Гостивар.
„Атмосферата против Шкендија е секогаш специфична. Се соочуваме со тим кој има шампионски претензии и квалитетен играчки кадар, но бела знаме не истакнуваме. Во Гостивар влегуваме максимално мотивирани за да извлечеме позитивен резултат“, истакна Андри Стафа.
Досега овие два ривали ги имаат одмерено силите 16 пати: Шкендија има 8 победи, Башкими триумфираше на 6 меча, додека 2 дуели завршија без победник. Интересно е што во последниот меѓусебен дуел, кумановци приредија изненадување и го зедоа целиот плен среде Тетово, славејќи со 3-2.
Натпреварот Шкендија – Башкими се игра денес во 16:00 часот на стадионот во Гостивар, а правдата на теренот ќе ја дели главниот арбитар Фатмир Бафто.





