Фудбалската федерација на Македонија ги информира претставниците на медиумите дека е отворен процесот за акредитирање на новинари, фоторепортери и сниматели за домашните натпревари на македонската А репрезентација против Швајцарија и Шкотска, во рамки на УЕФА Лигата на нации.
Натпреварот Македонија – Швајцарија ќе се одигра на 26 септември (Национална арена „Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот), додека дуелот Македонија – Шкотска е закажан за 3 октомври (Национална арена „Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот).
Сите заинтересирани претставници на медиумите потребно е да го пополнат формуларот за акредитација најдоцна до 21 септември (понеделник) и да го испратат на press@ffm.com.mk
Поради големиот интерес за следење на натпреварите, како и очекуваниот број на медиумски претставници од гостинските репрезентации, по истекот на наведениот рок нема да биде возможно дополнително акредитирање.
Фудбалската федерација на Македонија го задржува правото да го ограничи бројот на акредитирани медиумски претставници, во зависност од расположливите места, бројот на места предвидени за носителите на ТВ-правата за натпреварите, како и техничките и организациските потреби на УЕФА и федерацијата на медија трибината на Националната арена „Тодор Проески“.
Ги повикуваме сите заинтересирани медиуми навремено да ја достават својата апликација и да го почитуваат утврдениот рок за акредитација.





