Познати првите четвртфиналисти во Купот на Македонија

ГФК Охрид и Детонит Плачковица се првите екипи кои се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Второлигашот од Охрид триумфираше со 3:0 во соочувањето со Шкупи. Серијата погодоци ја отвори Иван Глигоров во 25. минута. Само три минути подоцна Антонио Каланоски зголеми на 2:0, а на Глигоров со вториот гол постигнат во 82. минута ја потврди победата во соочувањето со гостите од Скопје.

Во вториот дуел Детонит Плачковица ја елиминираше Беласица, а натпреварот во Струмица беше решен уште третата минута откако Иван Галевски успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата.

Следната недела на програмата се уште четири осминафинални дуели. На 29. септември се играат мечевите Башкими – Силекс, Македонија ЃП – Струга, Работнички – Брегалница и Вардар – Новаци.

За осми следниот месец закажан е натпреварот Шкендија Арачиново – Пелистер додека на седум дена подоцна ќе се одигра и мечот меѓу тетовска Шкендија и Тиквеш.