Работнички денеска игра еден од решавачките натпревари во битката за опстанок. По поразот од Македонија ЃП во Ѓорче Петров, избраниците на Муарем Муарем се наоѓаат пред голем предизвик, затоа што состојбата на табелата дека едноставно мора да го победат Пелистер во денешниот дуел од 30.коло во Првата лига, доколку сакаат да продолжат да се надеваат на останување во елитата.
Тимот ќе биде под голем психолошки притисок, но и максимално мотивиран да ја оствари целта.
„Немаме друг избор, секако дека размислуваме само за победа. Верувам во квалитетите на моите фудбалери и ќе сториме сѐ да стигнеме до трите бода. Пелистер е квалитетен тим, кој исто така се бори за опстанок, и ќе биде ова еден жесток натпревар. Но, едноставно ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐ од себе да стигнеме до целта“, изјави тренерот на Работнички, Муарем Муарем.
Натпреварот меѓу Работнички и Пелистер се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 16 часот.





