Неверојатни промашувања на Струга ТЛ, и казна на крајот од страна на АП Брера. Тоа е епилогот од натпреварот во Струга, во кој гостите ја однесоа победа со гол во финишот, во 88. минута од средбата, откако имаа и бројчана предност на теренот, односно Струга ТЛ доби црвен картон.
Избраниците на Бледи Шкемби имаше минимум шест стонастотни шанси, но не успеаја да постигнат гол, а АП Брера на крајот со една сериозна прилика дојдоа до предност, и на крајот до три бода.
Првата посериозна шанса ја имаше Малески кој промаши „зицер“ по акцијата меѓу Илиевски и Радески. Голгетерот на Струга ТЛ од непосредна близина шутираше само крај голот.
Во 34. минута нова прилика за Струга преку Шабани, кој шутираше одлично под пречката, меѓутоа Диковски избива во корнер. Во 44. минута Зенделоски шутираше од 23-24 метри само крј голот, а во 45. минута прилика за Фал, и нова одлична одбрана на Диковски.

Во вториот дел беше помирно во однос на шансите. Првите возбудувања се случија во 72. минута кога Хамза доби директен црвен картон. Но, тоа не им пречеше на домашните да дојдат до шанса во 79 минута, и двоен обид преку Бојку и Шабани, меѓутоа топката на крај заврши во корнер.
Се играше 84. минута кога обидот на Илиевски завршува само над голот, а веќе во следната шут на Малески, и нова одбрана на Диковски.
Казната од гостите дојде во 88. минута. Петровиќ се проби одлично по левата страна, мина неколку противнички играчи и го совлада Ангелети за предност и победа на АП Брера.





