Силекс убедлив на гостувањето во Кавадарци

Во рамките од 26. коло од шампионатот  денеска во Кавадарци својот дуел го одиграа екипите на Тиквеш и Силекс.

Како победник излезе екипата на Силекс кој што обезбеди екстра триумф од високи, убедливи и заслужени 0:3.

Од самиот старт на мечот, се виде истиот во кој правец ќе оди истиот. По само три минути гостите го погодија дирекот, за да во 17. Минута по добро изведениот корнер, Пиреш го отвори резултатот со удар со глава. Ова за Португалецот беше десетти гол сезонава.

На спротивната страна Стојанов имаше ситуација, но Џеков на време и добро реагираше. Во самиот финиш на првиот дел, односно во 41. Минута на асистенција на Дарко Додев од лево, на петерецот Ади Алиќ беше прецизен за водство од 2:0.

Тиквеш во вториот дел тргна да го намалува водството на гостите но не успеа во тоа. Ацковски имаше еден обид од работ на шеснаесетникот но Џеков повторно на висина на задачата. Александар  Мишов на десетина минути до крајот имаше зицер ситуација пред Стевковски но се обиде да лобува и тоа го стори лошо.

Тиквеш шансата на Голубов може да ја окарактеризира како најсериозна, но Џеков како и целиот тим на Силекс попладнево имаше свој ден што се вели во Кавадарци. Конечно, во 85. Минута, Велиновски со удар со левата нога од работ на шеснаесетникот го остави Стевковски „закован“ за гол линијата, кој само со поглед на проследи топката во својот гол. Третиот погодок за кратовци означи и конечен резултат на овој меч.

Со овие три бода Силекс оди на бројката 46 и четврта позиција, додека пак Тиквеш ќе остане на досегашните  37 и место подолу.

Ова инаку беше трет триумф на Силекс над овој ривал сезонава.