Скопје се надева дека денеска ќе ја оствари првата победа во елитата

Три бода во првите пет кола освои тимот на Скопје по враќањето во прволигашка конкуренција, а денеска се надева дека ќе стигне и до првиот триумф. Составот на Муарем Муарем се среќава со последнопласираниот Башкими и е фокусиран да го оствари првиот триумф.

Нема лесни противници во елитата, тоа фудбалерите на ФК Скопје можеа лесно да го увидат на стартот од сезоната, но решени се конечно да стигнат до победа.

„Фокусот е максимален, сите размислуваме за победа“, порачуваат од тимот од Автокоманда.

Башкими се наоѓа на последната позиција на табелата и досега има пет порази во пет кола, додека ФК Скопје е на деветтото место со три освоени поени.

Натпреварот меѓу ФК Скопје и Башкими ќе се одигра денеска, со почеток во 16:30 часот, на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, а ќе го суди Фуркан Идризи.