Софијаноски: И покрај тешкиот распоред, убеден сум во наша позитивна низа

Македонскиот шампионат влегува во финална трета фаза. Денеска стартува 23. Коло, а на програмата е дуелот меѓу Струга Трим Лум и Македонија ЃП.

Два дијаметрално спротивни тима, кои што имаат сосема различни приоритети. Струга ТЛ е екипа која што цели највисоко што може, а Македонија ЃП посакува да освои доволно бодови до крајот на првенството за да има мирен финиш и да се избегнат позициите кои водат во понизок ранг.

Гостите во Струга денеска допатуваа со амбиција да не загубат.

„На почетокот на третиот круг имаме три тешки натпревари, но веруваме дека сме можеме да дојдеме до бодови. Што се однесува до денешниот противник, станува збор квалитетна екипа и не очекува тежок меч. Сепак, ние покажавме периодов дека знаеме и можеме да се надигруваме со квалитетни противници, па така ќе биде и денеска. Веруваме во наш добар настап што ќе ни донесе позитивен резултат“ – вели Матео Софијаноски, па додава.

„Струга ТЛ за нас не е енигма. Напротив, доволно сме запознаени со нивните квалитети, но и недостатоци, кои секоја екипа ги има па ќе се обидеме да ги искористиме. Што се однесува пак до нас, ние треба секако да поправиме некои аномалии во нашата игра во однос на мечот против Башкими, за кој мора да напоменам дека го одиграме некомплетни“ – додава македонскиот младински репрезентативец, Матео Софијаноски.