Demiri: Do të japim gjithçka për të arritur një rezultat pozitiv

Екипата на Шкендија од Арачиново со многу оптимизам ја очекува пресметката против Арсими во Гостивар. Победата против Башкими и ремито со Тиквеш во последното коло само ја подигнаа позитивната атмосфера во редовите на тимот од Арачиново.

„Патуваме кон Гостивар во еден од нашите најпозитивни моменти сезонава. Групата е комплетирана, мотивирана и целосно свесна за предизвикот што нè очекува. Максимално сме подготвени да ги извршиме нашите задачи на теренот и да дадеме сè од себе за да оствариме позитивен резултат, кој соодветствува на нашите цели“, изјави меѓу другото капитенот на Шкендија Арачиново, Бесир Демири.

Во трите досегашни пресметки меѓу Арсими и Шкендија од Арачиново, сè е израмнето. Секоја екипа има по една победа, а еден натпревар завршил нерешено. Сепак, Арсими забележа победа во единствениот дуел во домашната фудбалска елита, кога на стадионот во Чаир ја совлада Шкендија од Арачиново со 2-0.

Пресметката меѓу Арсими и Шкендија од Арачиново ќе се игра на стадионот во Гостивар со почеток во 13:00 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Пларент Салихи.