Лавал: Ќе дадеме се од себе за добар резултат на Тиквеш против Вардар

Тиквеш во одлична форма оди на мегдан против шампионот Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Кавадаречкиот тим не знае за пораз од август во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Пред денешното гостување во главниот град, Тиквеш е единствениот тим кој нема пораз на свој терен, и е тим со најмалку примени голови на туѓ терен, само четири.

Во таква позитивна атмосфера, Тиквеш се надева дека и денеска ќе извлече добар резултат против актуелниот првак Вардар.

„Знаеме дека играме против силен тим, но веруваме во нашите квалитети дека можеме да се носиме со Вардар. Мислам дека ако останеме фокусирани, се бориме еден за друг и ја играме нашата игра, имаме добри шанси да извлечеме добар резултат, и ќе дадеме се од себе на овој натпревар“, изјави Тохиб Лавал, играчот на кавадаречкиот тим.

Натпреварот Вардар – Тиквеш се игра со почеток во 13:00 часот.